Компанијата која стои зад најпознатите модели на вештачка интелигенција во светот затвори нова рунда на финансирање, потврдувајќи дека интересот на инвеститорите за вложување во вештачка интелигенција сè уште е многу голем.
OpenAI од ден на ден ја потврдува својата доминација на полето на генеративната вештачка интелигенција, како во однос на технолошкиот напредок, така и во делот на бизнисот. Минатата недела компанијата го претстави својот нов модел за генерирање видео записи од текст – Sora, а воедно работеше и на затворање на уште една рунда вложување во својата компанија.
Според информациите објавени од NewYork Times, вториот договор беше успешно завршен, па OpenAI продаде повеќе од своите акции на заинтересирани инвеститори. Лидер меѓу купувачите повторно е нивниот инвеститор од претходно, инвестицискиот фонд Thrive Capital, а во овој случај одлучено e самите вработени во компанијата да можат да ги продаваат своите акции на надворешни инвеститори. На тој начин, најголем дел од собраните средства нема да одат кај самата компанија, туку кај нејзините вработени.
OpenAI has completed a deal that values the artificial intelligence company at $80 billion or more, nearly tripling its valuation in less than 10 months. https://t.co/CTX35Vmafm
— The New York Times (@nytimes) February 16, 2024
Износот на трансакцијата не е познат, но јасно е дека цената на акциите е поставена доста високо – па вкупната вредност на сите постоечки акции на OpenAI сега достигна дури 80 милијарди долари. Ова ги потврди предвидувањата од октомври, кои велеа дека со новата рунда инвестиции, OpenAI ќе стане еден од највредните стартапи во светот.