Заедно со iPad Pro, Apple се очекува да претстави два нови модели на iPad Air, вклучително и поголема верзија со екран од 12,9 инчи.
Apple планира да ги ажурира iPad Air и iPad Pro сериите најрано во март, а новите iPad Pro уреди ќе бидат значително потенки според димензиите што ги споделу 9to5Mac. Повикувајќи се на извори запознаени со плановите на Apple, популарниот сајт тврди дека поголемиот iPad Pro модел ќе биде потенок за повеќе од 1 мм.
Сегашниот 12,9-инчен iPad Pro има дебелина од 6,4 мм, но се наведува дека новиот модел е со дебелина од 5 милиметри. Што се однесува до 11-инчниот iPad Pro, тој моментно е со дебелина од 5,9 милиметри, додека ажурираната верзија ќе биде потенка за 0,8 мм (5,1 мм). И двата таблет уреди може да бидат и малку поголеми според димензиите.
- Сегашниот iPad Pro 11 инчи – 247.6mm x 178.5mm x 5.9 mm
- Претстојниот iPad Pro 11 инчи – 249.7mm x 177.5mm x 5.1mm
- Сегашниот iPad Pro 12,9-инчи – 280.6mm x 214.9mm x 6.4mm
- Претстојниот iPad Pro 13 инчи – 281.5mm x 215.5mm x 5.0mm
Таквото тенко куќиште сугерира забележителна промена во дизајнот, што е овозможено со уште позначајно ажурирање – OLED технологијата на дисплејот. OLED панелите се потенки од LCD панелите, што му овозможува на Apple да ја намали дебелината на своите таблет уреди.
Заедно со iPad Pro, Apple се очекува да претстави два нови модели на iPad Air, вклучително и поголема верзија со екран од 12,9 инчи. Поголемиот iPad Air ќе биде речиси со иста големина како и сегашниот iPad Pro, со димензии од 280,6 mm на 214,9 mm на 6 mm.
Apple ја ограничува OLED технологијата само на Pro моделите, па иако 12,9-инчниот iPad Air ќе има иста должина и ширина како сегашниот iPad Pro, ќе биде подебел бидејќи ќе продолжи да користи LCD екран.
Сите нови iPad модели се очекува да го користат новиот M3 чип на Apple, која првпат беше претставен минатата година во новите модели на MacBook Pro. Досега не слушнавме детали за претстојниот настан, но очекуваме да се одржио кон крајот на март или почетокот на април.