Bluetooth Auracast, поддршка за стандардот за емитување еден-кон-повеќе пристигнува на Galaxy уредите, Galaxy 360 Audio на телевизорите, а лаптопите ќе ја добијат функцијата Auto Switch
Во текстот објавен на порталот SamMobile, детално се опишани веќе познатите карактеристики како на пример, Bluetooth Auracast, 360 Audio и Auto Switch, кои сега доаѓаат на повеќе уреди на Samsung.
Поконкретно, Auracast е релативно нова Bluetooth технологија која овозможува еден уред да емитува аудио стрим на повеќе уреди како што се звучници и слушалки.
Покрај на Galaxy Buds 2 Pro, најновите верзии на Samsung телевизорите и Galaxy S24 серијата смартфони, поддршката за Auracast ќе пристигне и за голем број други телефони и таблет уреди, како што се: Galaxy S23 серијата, Galaxy Z Fold5 и ZFlip5, како и Gallaxy Tab S9 со One UI 6.1 или понов.
Функцијата „Listen to Auracast broadcast“ ќе биде достапна на Galaxy S24 уредите, Galaxy S23 серијата, Z Fold5, Z Fold4, Z Flip5, Z Flip4, A54 5G, M54 5G, Tab S9 серијата, Tab S9 FE и Tab Active 5 5G со One UI 5.1.1 или понова верзија.
Поддршката за аудио 360 на Samsung се проширува на телевизорите Neo QLED (QN900D, QN800D, QN95D, QN90D, QN87D, QN85D, Q80D, Q70D) и OLED (S95D, S90D, S85D), а означува технологија на сараунд звук, која користи следење на главата за да звучи дека звукот доаѓа од насоката на екранот. Samsung naveduva дека функцијата работи со слушалките Buds 2 Pro и Buds 2.
Што се однесува до функцијата Auto Switch , таа автоматски ја префрла Bluetooth врската на Galaxy Buds 2 Pro помеѓу Samsung таблет или телевизор и паметен телефон додека прима повик. Поддршката за оваа функција доаѓа кај Galaxy Book лаптопите со инсталиран Samsung софтвер, One UI 6.0.