Серијата на телефони Samsung Galaxy S24 е веќе тука и донесе извонредни новитети кај своите најнови уреди од премиум класата, со кои дефинитивно отвори ново поглавје за мобилното корисничко искуство. Како централен новитет е воведување на вештачка интелигенција (Galaxy AI*) во бројни функции, благодарение на кои користењето на мобилен телефон отсега ќе го посматраме од една една друга перспектива на иновации кои ни го олеснуваат животот во голема мера. Да го земеме на пример, новиот Galaxy S24+ со кој бројни можности за олеснување на секојдневието ни се на дланка.
Комуникација потпомогната од вештачка интелигенција
Можностите за олеснувања на главната цел на мобилните телефони – комуникацијата, се навистина проширени благодарение на вештачката интелигенција кај Galaxy S24+. Иако на ова поле можеме до бескрај да замислуваме какви се функции би можел нашиот телефон да поседува, сепак да се ограничиме на оние кои Samsung премиерно ни ги овозможи: Со функцијата Interpreter, која можете да ја користите дури и без интернет, ќе ви овозможи разговорот со соговорникот до вас веднаш да биде преведен и прикажан на поделен екран на кој транскрипцијата ја читате и двајцата во реално време. Тука е и функцијата Помош за разговор (Chat Assist) која ќе ја усоврши вашата пишана комуникација, па така, ќе го направи вашиот текст да звучи љубезно, кежуал, професионално, зависно вашата намера, и воедно ќе ви предложи опции за кратки фрази. Исто така, и веќе познатата апликација Samsung Notes ја добивате значително подобрена со Помош за белешки (Note Assist) со шаблони со кои фаќањето на белешки е многу олеснето бидејќи на крај ги добивате своите забелешки организирано во структуиран формат. Функцијата Помош за транскрипција (Transcript Assist) исто така поддржана од вештачка интелигенција и технологија за транскрипција, е извонредна алатка за генерирање на текст како резиме од подолга содржина или пак од разговор, и колку и да звучи неверојатно – од говор во текст.
Со новиот Galaxy S24+ добивате и нова феноменална функција за пребарување наречена Заоружи за пребарување (Circle to search). Со долго притискање на почетното копче можете да заокружите било кој предмет на екранот што во моментот го гледате, и веднаш ќе добиете Google резултати од пребарувањето, како и генеративни прегледи овозможени од вештачката интелигенција кои ќе ви обезбедат корисни информации и контекст собран од целиот интернет за тоа што го барате.
Еден сосема нов креативен и визуелен израз
Освен придобивките од вештачката интелигенција во пишаната комуникација, Galaxy AI во системот на камери ви овозможува совршени фотографии, видеа и креативна експресија на највисоко ниво. S24+ доаѓа со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со 2х и 3х зум ќе можете да снимате динамични крупни кадри. Новата функција ProVisual engine, која ја користи моќта на AI зумирањето, дава подобренидетали и бои за чисти и живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум. На слаба светлина пак, фотографии ќе бидат совршени со помош на функцијата Nightography, а благодарение на ISP Block, ќе можете Nightography да ја аплицирате и на Niсо селфи камерата. Фантастичното уредување на сликите со Generative Edit и со помош на AI отвара нови хоризонти за крајниот визуелен производ, па така, доколку не успеавте да го фатите посакуваниот кадарот, со оваа опција ќе можете да ја пополните позадината, да ги отстраните несаканите предмети, геометриски да ја подесите сликата и сл.
Секој ќе го пронајде својот стил со Galaxy S24+
Прво нешто што ќе забележите штом го земето во рака Galaxy S24+ е беспрекорниот дизајн и совршената големина на овој уред. Достапен во 4 префинети бои – кобалт виолетова, килибарна жолта, оникс црна и мермерно сива, Galaxy S24+ е дополнително зајакнат со алуминиумска рамка (Aluminium Armor) за уште поголема издржливост за сите авантури кои ве очекуваат. И овој модел нуди уште поперсонализирани опции да си генерираш wallpaper на телефонот токму каков што одговара на твојот стил. Со One UI 6 персонализацијата е загарантирана, како и твојот личен избор на стилови, икони, виџети и др. на насловниот екран.
Едно е сигурно – со неверојатните функции со вештачката интелигенција и користењето на Galaxy S24+, ќе доживеете искуство со мобилниот телефон како никогаш досега!
Не заборавајте да ги погледнете и останатите два нови модели од оваа серија, Galaxy S24 и маестралниот Galaxy S24 Ultra.
*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
Повеќе информации за Galaxy S24+ прочитајте на линкот:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/