Asus потврди дека премиерата на следниот флегшип смартфон на компанијата, Zenfone 11 Ultra ќе се одржи на 14 март. Од споделените информации, јасно е дека моделот ќе се нуди и во Европа, бидејќи е посочено и времето на претставувањето во Берлин (13 часот по локално време).
Споделените информации укажуваат и на воведување решенија за вештачка интелигенција на водечкиот модел на Asus. Потсетуваме дека неодамна се појавија голем дел од спецификациите на уредот, како и наводни негпви фотографии кои покажуваат сличност со ROG Phone 8 Pro.
Меѓу очекуваните главни карактеристики на Zenfone 11 Ultra се 6,78″ LTPO AMOLED екран со фреквенција до 144 херци, Snapdragon 8 Gen 3 чипсер, 16GB LPDDR5X RAM, 512GB UFS 4.0 простор за складирање и батерија со капацитет од 5500 mAh и брзо жично полнење до 65 вати. Главната камера ќе вклучува Sony IMX890 сензор од 50 MP, 32 MP камера со телефото оптика и 13 MP камера со ултраширокоаголен објектив.