Европскиот сателит кој беше пионер на многу од технологиите што се користат за следење на планетата и нејзината клима падна на Земјата. Сателитот ERS-2 тежок два тона изгоре во атмосферата над Пацификот.
Радарите го следеа неговиот пад. Esa вели дека крајот дошол во 17:17 GMT (18:17 CET) +/- една минута, над Северниот Тихи Океан помеѓу Алјаска и Хаваи, околу 2.000 километри западно од Калифорнија.
Досега нема извештаи од очевидци за падот на сателитот или за какви било остатоци кои стигнале до површината на Земјата.
ERS-2 беше една од неколку мисии лансирани од Европската вселенска агенција во 1990-тите за проучување на атмосферата, земјата и океаните на нови начини.
— ERS-2 reentry day thread —
Our Space Debris Office currently predicts that the #ERS2reentry will take place at:
15:49 UTC (16:49 CET) today, 21 February 2024
The uncertainty in this prediction is now just +/- 1.76 hours.
The official 'ground track' of the satellite… pic.twitter.com/6x3SRvCtaA
— ESA Operations (@esaoperations) February 21, 2024
Ги следеше поплавите, ги мереше температурите на континентите и на површината на океаните, го следеше движењето на ледените полиња и движењето на земјата за време на земјотресите.
И ERS-2, конкретно, воведе нова способност за проценка на заштитната озонска обвивка на Земјата.
Враќањето на сателитот беше очекувано, иако неконтролирано. Тој немаше функционален погонски систем за да го насочи своето огнено паѓање.