Како дел од неодамна воведената претплата на Google One AI Premium, сега се добива и интеграцијата на асистентот за вештачка интелигенција во Gmail и во апликациите Docs, Slides, Sheets и Google Meet.
Нов ден, нова најава од светот на генеративната вештачка интелигенција. Во трката со Microsoft и OpenAI, Google неодамна го вклучи и Google со преименување на Bard во Gemini, најавувајќи го новиот модел Gemini 1.5, а исто така лансираше пакет na pretplata, кој обезбедува напредни функции. Како што беше најавено, за спомената претплата сега пристингнува и проширување на она што се добива со неа.
Сите корисници кои ќе се одлучат да плаќаат 22,99 евра месечно за Google One AI Premium планот и употребата на напредната генеративна вештачка интелигенција на Google, сега ќе имаат интеграција на асистентот за вештачка интелигенција во најпопуларната мејл услуга во светот, Gmail. Тука ќе биде и интеграцијата со останатите канцелариски апликации на Google во облак, Docs, Slides, Sheets и системот за видео конференции Google Meet. Сето ова е достапно за постоечките и новите претплатници уште од денес.
Gemini во Gmail првенствено служи како асистент при креирање и одговарање на мејлови со своите јазични можности. Ова се однесува и на Docs, додека во Sheets ќе помогне во креирање формули за калкулации, а во Slides ќе може самостојно да дизајнира презентации. Системот моментно работи само на англиски јазик, но веќе е достапен на повеќе од 150 пазари, вклучувајќи го и нашиот.
За 22,99 евра месечно, Google One AI Premium носи пристап и до најнапредниот Gemini Advanced модел. Има и други поволности од постојниот план за претплата на Premium: 2 TB простор за складирање во облак, можност за најавување на пет корисници, напредни функции од пакетот Google Workspace и Photos и слично. Првите два месеци од користењето се бесплатни како дел од пробниот период.