Huawei во Кина го претстави смартфонот со екран на преклопување Pocket 2, кој носи интересни подобрувања во однос на првата генерација. Уредот е опремен со шарки со дизајн на солза, кои овозможуваат да нема јаз меѓу двата дела кога се затворени. Покрај тоа, на капакот од надворешниот дел се поставени дури четири камери.
Главниот дисплеј е со дијагонала од 6,94 инчи и Full HD+ резолуција, а е е изработен со LPTO OLED технологија. На екстерниот дел има тркалезен дисплеј со дијагонала од 1,15-инчи со резолуција од 340 x 340 пиксели. Впечатлива е и симетријата на двете кружни области.
Засега нема официјални информации каков чипсет користи уредот, но веројатно се работи за Kirin 9000S во комбинација со 12 GB RAM и 256 GB, 512 GB или 1 TB простор за складирање. Уредот има и друга верзија наречена Pocket 2 Art со различен дизајн и со 16 GB RAM и 1 TB простор за складирање податоци.
Главната камера вклучува главен сензор од 50MP (f/1.6) со OIS, 12MP (f/2.2) ултраширока камера и сензор од 8MP (f/3.4) со 3x телефото објектив и OIS. Додаден е и УВ сензор од 2 MP, кој ја мери јачината на ултравиолетовата светлина и може да препорача ставање крема за сончање.
Уредот поддржува двонасочна сателитска комуникација преку кинескиот систем Beidou, а батеријата има капацитет од 4520 mAh и поддржува брзо жично полнење на 66W и безжично полнење на 40W. Huawei Pocket 2 ќе се продава во ;etiri бои по цена од 961 евро, а Art верзијата е во сина боја и достапна за 1.410 евра.