Sony ја истражува компатибилноста на компјутерските игри со својот нов хедсет за виртуелна реалност PS VR2. Оваа способност е во фаза на тестирање, а компанијата се надева дека ќе ја подготви подоцна оваа година.
Ова е добра вест за корисниците, бидејќи актуелната понуда за уредот е доста ограничена. Покрај тоа, му недостасива компатибилност наназад со PS VR игрите од претходната генерација.
Интересно е што недостига сериозен интерес од надворешни програмери поради скапиот процес на креирање содржини. Давањето пристап до компјутерските игри би бил голем скок во проширувањето на можностите.
Овој потег ќе и помогне на компанијата да реализира поголема продажба на уредот, а останува да се види кога ќе биде воведена поддршката.