Откако влезе со ChatGPT во рингот со компанијата xAI и четботот Grok, Елон Маск реши да се натпреварува со уште еден познат производ на технолошкиот гигант. Станува збор за Gmail сервисот за испраќање и примање е-пошта од компанијата Google.
Деталите за мејл апликацијата на Маск сè уште се непознати, освен фактот дека тој и неговиот тим планираат наскоро да ја креираат веб-апликацијата, а таа ќе се вика XMail.
Имено, инженерот Нејт Мекгрејти од компанијата на Маск Х (поранешен Твитер) на својот профил на оваа мрежа го постави прашањето: „Кога ќе правиме XMail?“.
На прашањето на неговиот вработен, Елон Маск кратко одговорил: „Доаѓа“.
When we making XMail?
— Nate (@natemcgrady) February 22, 2024
Маск има многу за што да се радува во моментов. Неодамна неговата компанија Neuralink успешно вгради мозочен чип кај првиот човек, а вчера лендерот Odyssey слета на Месечината, откако беше лансиран во вселената со ракетата SpaceX на Маск.