Стартапот Albedo Space создава сателити со ниска орбита способни да зумираат поединечни луѓе на Земјата, пишува New York Times.
Бидејќи алатките за надзор напредуваат и во својата функција и во сеприсутноста, една нова компанија за сателити покренува важно прашање – колку од нашата приватност сме подготвени да замениме за ветувањето за безбедност?
Стартапот Albedo Space гради сателити за ниска орбита, кои се способни да зумираат одредени луѓе на Земјата, пишува „Њујорк тајмс“. Коосновачите на ризичниот потфат велат дека сателитите нема да бидат опремени со технологија за препознавање лице (идентификација), но ќе можат да фотографираат луѓе – огромен чекор напред во надзорот со сателити, што покренува некои долгогодишни стравови поврзани со приватноста. Цела една група од орбитални камери кои гледаат сè, според „Њујорк тајмс“, веќе се склучени повеќе договори за одбрана и се собрани над 100 милиони долари средства за таа цел.
– Ова е џиновска камера на небото за која било влада да ја користи во секое време, без наше знаење. Дефинитивно треба да бидеме загрижени – изјави за „Њујорк тајмс“ Џенифер Линч, генерален советник на Фондацијата „Електроник фронтиер“.
Како што забележува „Њујорк тајмс“, основачите на Albedo Space веќе извесно време зборуваат за загриженоста за приватноста.
Зборувајќи за „Њујорк тајмс“, од компанијата тврдат дека спасуваат животи, нагласувајќи дека нивните сателити – кои ќе орбитираат на ниско ниво од 100 милји од површината на Земјата – би можеле да се користат за да им се помогне на властите да мапираат зони на катастрофи. Веб-страницата на l Space, исто така, наведува како дополнение – следење на инфраструктурата и урбанистичкото планирање, како можни апликации на технологијата, се разбира – на случаите каде што се употребуваат „одбранбени методи и разузнавање“.
Додека некои експерти се согласуваат дека сателитите би можеле да бидат корисни во некои сценарија, загриженоста за приватноста сепак е присутна. Застрашувачка е помислата за ваква алатка која би била во рацете на властите, кога би сакале да влијаат врз полициското работење, на пример, или за задушување протести.
И покрај сите придобивки, технологијата за надзор речиси секогаш има цена. Според „Њујорк тајмс“, Albedo Space планира да го лансира својот прв сателит во 2025 година. Ако се оствари визијата на компанијата, јавноста можеби ќе дознае колку е висока нејзината цена.
– Тоа нѐ носи чекор поблиску до свет кој наликува на Големиот брат – изјавил астрофизичарот Џонатан Мекдауел од „Харвард“.