Компанијата Honor го најави глобалното лансирање на Honor Magic6 Pro и AI PC Honor MagicBook Pro 16, демонстрирајќи ја својата иновативна отворена соработка што го отвора патот во ерата на вештачка интелигенција
Еден месец откако го лансираше својот преклопен телефон Honor Magic V2 во Европа, кинескиот технолошки бренд на настан во Барселона, ден пред почетокот на Мобилниот конгрес во Барселона го претстави својот врвен модел за оваа година – Magic 6 Pro, кој го носи целиот најмоќен хардвер кој моментно е достапен во робусно куќиште во кое доминира голем модул со тројна задна камера. Кинескиот бренд денеска во Барселона го објави и својот нов лаптоп MagicBook Pro 16.
Во рамките на настанот, Honor ја откри својата нова стратегија за сите ситуации со воведување искуство засилено со вештачка интелигенција, што овозможува соработка помеѓу повеќе оперативни системи, како и AI со фокус на човечката намера, заедно со низа паметни уреди во соработка со глобалните партнери.
„Како што напредуваме во ерата на вештачката интелигенција, Honor е посветен на обезбедување иновации насочени кон човекот за да овозможи отворено и беспрекорно искуство со цел да се задоволат желбите на корисниците. Со големо задоволство го најавуваме глобалното лансирање на нови Honor смартфони и компјутери со вештачка интелигенција, кои навистина ги поместуваат границите на корисничкото искуство и ги уриваат границите на интеракцијата човек-уред“, нагласи Џорџ Жао, Извршен директор на Honor.
Magic Pro 6 доаѓа во две варијанти, со стаклена позадина во црна боја, но се работи за одличен матиран финиш кој не остава никакви дамки и изгледа одлично. Постои ште една верзија со веганска кожа во зелена боја и изгледа подеднакво привлечно. И да, куќиштето има IP68 ниво на водоотпорност.
Од предната страна, главниот збор го има големиот 6,8-инчен панел, со иста дијагонала како Galaxy S24 Ultra, а иако има значително поголема батерија, самиот телефон е осум грама полесен. Екранот поддржува освежување од 120 Hz, има 1600 нита осветленост, но Honor истакнува дека максималната осветленост изнесува дури 5000 нита. Резолуцијата на самиот екран е 1280 x 2800 пиксели, а панелот го штити Jurinho стаклото. Honor тврди дека станува збор за најтврдото стакло во индустријата и дека неговата отпорност е потврдена со сертификатот со пет ѕвездички на SGS. Екранот на телефонот се одликува со напредни материјали со 50% подобрување на густината на кристалите, што ги подобрува неговите способности за апсорпција на удари до 10 пати, во споредба со обичното стакло, според Honor.
Смартфонот е опремен со три моќни камери, а главниот збор го води е 50 mp x 24 mm камерата со отвор на бленда f/1.4 и оптичка стабилизација. Заедно со него има и перископ камера од 180 мегапиксели со оптички зум 2,5x и ултраширока камера од 50 мегапиксели. Задните камери поддржуваат 10-битно 4K видео со 60 fps.
Има и двојна предна камера. Заедно со камерата од 50 mpx f/2.0, има и TOF 3D длабочински сензор за биометрија.
Од компанијата наведуваат дека приоритет кај овој телефон е испорака на спортски фотографии со подобрена брзина на снимање и појасни фотографии, така што системот на камерата Falcon го покренува модел со вештачка интелигенција со база на податоци што е 28 пати поголема од претходната генерација, а Honor Magic6 Pro исто така вклучува и HONOR AI Motion Sensing Capture, AI алгоритам за снимање ској предвидува и снима одлучувачки моменти во ултра-висока резолуција.
Заедно со новиот телефон, Honor го претстави и MagicOS 8, најновата верзија на својот оперативен систем базиран на Android 14 и ја воведува вештачката интелигенција на Honor на ниво на платформа. Компанијата наведува дека со Magic Capsule и Magic Portal им овозможува на корисниците поперсонализирано и поинтуитивно корисничко искуство. Magic Capsule се проширува за да понуди дополнителни информации и сродни опции, без да мора да се движите низ повеќе апликации. Од друга страна, Magic Portal користи вештачка интелигенција за да ги разбере пораките и однесувањето на корисниците и, како што велат, треба да ги поедностави сложените задачи.
Покажувајќи ги можностите што може да ги донесе следењето на очите на паметниот телефон во иднина, Honor откри како е можно да се вози автомобил без раце со системот за следење на очите на Magic6 Pro напојуван со вештачка интелигенција. Експерименталниот концепт покажува како интеракцијата помеѓу паметните телефони и возилата подобрени со AI може да оди подалеку од контролата на гласот или екранот, отклучувајќи го доменот на интеракциите помеѓу луѓето и уредите кои имат големи можности.
Tелефонот има поголема батерија од S24 Ultra, но и од Xiaomi 14 Ultra. Станува збор за батерија со капацитет од 5600 mAh, која поддржува жично полнење од 80W, безжично полнење од 66W и реверзибилно полнење од 5W. Уредот доаѓа со стерео звучници кои се прилично гласни и имаат многу добар бас. Смартфонот го зазеде и првото место на глобалното DXOMARK рангирање за дисплеи со најдобар резултат од 157 поени. Со пет доделени DXOMARK ознаки, HONOR Magic6 Pro го претставува самиот врв кога станува збор за можностите за камера, аудио, екран, батерија и селфи.
Honor Magic 6 Pro ќе биде достапен на европскиот пазар во црна и зелена боја по препорачана малопродажна цена од 1299 евра.
Објавен Honor MagicBook 16 Pro и продолжена соработката со Porsche
Honor го претстави и својот најнов преносен компјутер со вештачка интелигенција, Honor MagicBook Pro 16. Користејќи ги предностите на подобрените перформанси што ги донесува Honor вештачката интелигенција на ниво на платформа со најнапредниот процесор и графички процесор, Honor MagicBook 16 Pro go прави споделувањето известувања и синхронизирање материјали на паметните телефони, компјутери и таблет уреди на Honor без напор со MagicRing, овозможувајќи максимална удобност и лесна пристапност. Заедно со новиот лаптоп, претставен е и најновиот таблет, HONOR Pad 9 со 12,1-инчен 2,5K HONOR FullView екран, со стапка на освежување од 120 Hz и аудио систем со осум звучници кој вклучува технологија за подесување на звук HONOR Histen.
За прв пат глобално беше претставен и смартфонот на преклоп PORSCHE DESIGN HONOR Magic V2 RSR, а најавен е и Porsche Design HONOR Magic6 RSR.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК