Google објави ажурирања за Android AI, кои вклучуваат воведување на Gemini вештачката интелигенција во апликацијата Messages и AI резимеа на пораки во Android Auto
Иако нема да претстави нови смртфони на годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024), Google најави новитети како што се подобрувањата на Android AI кои се рефлектираат во доведување на вештачката интелигенција на неговите платформи. На тој начин, Google ќе го интегрира својот модел Gemini AI во апликацијата Messages, а во Android Auto платформата ќе додаде паметни текстуално гласовни резимеа при возењето, засновани на вештачка интелигенција.
Почнувајќи од оваа недела, корисниците на Messages ќе можат да пристапуваат до четботот на Google без да ја напуштат апликацијата за пораки. Gemini во Messages ќе може да ги извршува основните задачи како што се испраќање пораки и помагање при планирање настани, а ќе може и едноставно да разговара со вас, доколку ви е здодевно. Функцијата сè уште е во бета верзија и моментно е достапна само за оние кои користат пораки на англиски јазик, велат од Google.
Android Auto добива и AI засилување што може да помогне да се намали одвлекувањето од луѓето што ви пишуваат пораки додека возите. Ако групен разговор го преплавува вашиот телефон со континуирани пораки или некој ви испраќа „романи“ со текст, Android Auto автоматски ќе ги резимира пораките и ќе ви ги прочита во пократка верзија. Исто така, ќе предложи одговори и дејства врз основа на пораки,те како што е споделување на времето на пристигнување, за да можете да одговарате со еден допир и да се фокусирате на возењето.
Google објави и некои нови функции за пристапност за Android, вклучувајќи описи на фотографии генерирани со вештачка интелигенција во апликацијата Lookout. Ќе може да генерира описи за слики пронајдени на интернет или примени во пораки и да ги чита на корисникот. Оваа функција засега ќе биде достапна само на англиски јазик, но со текот на времето ќе се прошири на глобално ниво.
Функцијата Google Lens во апликацијата Maps добива и подобрена опција за читач на екранot, која ќе им овозможи на корисниците да ја насочат камерата на телефонот кон нешто пред нив, како ресторан или станица за јавен превоз, и да добијат информации за тоа што се прикажува на камерата.
Ажурирањата на Android вклучуваат и нови контроли за Spotify наречени Spotify Connect, така што корисниците ќе можат беспрекорно да се префрлаат од уред на уред, како што е префрлање од слушалки на звучници. Истата функција веќе беше достапна за услугата YouTube Music, а со оглед на тоа што сега доаѓа на Spotify, во иднина можеби ќе ја видиме и во други стриминг апликации.