На посетителите ќе им бидат понудени моќни искуства со серијата Galaxy S24 од прва рака, проширен екосистем на производи и платформата Samsung Connected Health, сите засилени со Galaxy AI
Samsung Electronics претстави нови мобилни искуства со функциите Galaxy AI на Светскиот конгрес за мобилни телефони (MWC) за 2024 година, кој започна вчера во Барселона, Шпанија. Посетителите на штандот на Samsung практично ќе ги искусат функциите Galaxy AI во сите производи на Galaxy, со фокус на серијата Galaxy S24, која нè воведува во новата ера на мобилната вештачка интелигенција. Функциите Galaxy AI, исто така, ќе бидат проширени низ портфолиото на Samsung, вклучувајќи поинтелигентна продуктивност со серијата Galaxy Book4, интелигентно здравје со серијата Galaxy Watch6 и Galaxy Ring, кој ќе биде претставен јавно за прв пат.
„Нашите најнови производи и иновации на Galaxy ја отклучуваат моќта на мобилната вештачка интелигенција, која ќе ги поттикне корисниците да се отворат кон нови можности во својот секојдневен живот“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Возбудени сме што на MWC оваа година ќе ги прикажеме функциите Galaxy AI низ нашето портфолио, вклучувајќи ја и серијата Galaxy S24, и докажувајќи колку се овие уреди моќни во овозможувањето подобра, поинтелигентна и поповрзана иднина.“
Претставуваме нова ера на мобилна AI
На штандот, Samsung ќе ги претстави функциите на вештачката интелигенција на серијата Galaxy S24, кои ја зајакнуваат комуникацијата и креативноста на корисникот во секојдневните сценарија. Тука спаѓаат функциите како Превод во живо (Live Translate) со вештачка интелигенција за двонасочни преводи на телефонски повици во реално време со цел надминување на јазичните бариери. Функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google) овозможува брзо и лесно, поинтуитивно пребарување со едноставен гест. Исто така, ќе биде прикажана функцијата Помош за белешки (Note Assist), која ги поедноставува и организира сложените текстови, како и Генеративно уредување (Generative Edit)[5], која му овозможува на корисникот слободно да ја менува големината или да ја смени позицијата на објектите во фотографиите за поголема креативна слобода.
Samsung, исто така, има простор каде посетителите ќе можат да ги проверат моќните перформанси на камерата во серијата Galaxy S24. Во зоната што личи на затемнета концертна сала, посетителите ќе можат да фотографираат одблиску мали објекти поставени на сцената за да ги испробаат можностите на Nightography од серијата Galaxy S24, надградени за да бидат постабилни при слаба осветленост благодарение на ProVisual Engine, кој се базира на Galaxy AI.
Овие можности на Galaxy AI наскоро ќе се прошират на постоечките модели на Galaxy, вклучувајќи ги Galaxy Z Fold5, Z Flip5 и сериите Tab S9, како и на сериите Galaxy S23 и S23 FE, Дополнително, Samsung ви нуди можност од прва рака да доживеете подобрена продуктивност со серијата Galaxy Book4, која ќе биде претставена глобално од 26 февруари. На штандот на Samsung, со помош на функциите за поврзување на уредите на Galaxy ќе биде покажано како корисниците можат беспрекорно да ја зголемат продуктивноста, како на пр. лесно пренесување и уредување на фотографии и видео записи помеѓу Galaxy S24, Galaxy Book4 и Galaxy Tab S9.
Повеќе поврзани велнес искуства со вештачка интелигенција
Samsung ќе ја прикаже својата интелигентна здравствена серија на MWC, нудејќи им на корисниците уште поперсонализирани и беспрекорни здравствени искуства со трансформативната моќ на AI на повеќе уреди. Како дел од ова портфолио, Galaxy Ring е претставен како нов здравствен фактор што ја поедноставува секојдневната благосостојба, поддржувајќи попаметно и поздраво живеење преку поповрзана дигитална велнес платформа – Samsung Health.
Samsung е, исто така, подготвен да ги изложи претстојните интелигентни здравствени функции. На пример, функцијата My Vitality Score нуди персонализирани здравствени увиди засновани на повеќе фактори, вклучувајќи сон, активност, пулс и варијабилност на пулсот, додека функцијата Booster Card го прави секој ден поздрав со следење на однапред дефинираните цели и обезбедување активни увиди. Посетителите ќе можат да ги видат придобивките од овие функции на серијата часовници Galaxy Watch6 поврзана со Galaxy S24, пред јавното претставување оваа година.
Користејќи го екосистемот SmartThings на Samsung, Samsung покажува како домот може да се претвори во место за поздрав живот. Ќе можете автоматски да ги вклучувате и исклучувате поврзаните светла за да имате пооптимален сон или да поставите предупредувања како потсетник за земање лекови. Исто така, корисникот може да го контролира вежбањето и да ги мери пулсот и потрошените калории во реално време следејќи фитнес видео запис на поврзан телевизор, сето тоа во исто време.
Штандот на Samsung Galaxy Experience на MWC 2024 се наоѓа во сала 3 на Fira Barcelona Gran Via.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК