Заедно со новите водечки паметни телефони од Xiaomi 14 серијата, компанијата во Барселона го најави и таблет уредот Pad 6S Pro 12.4, кој нуди интересен сет на функции. Таблетот има метално куќиште во три бои и се одликува со шест звучници со Dolby Atmos технологија.
Моделот поседува 12,4-инчен IPS LCD дисплеј со сооднос 3:2, резолуција од 3048×2032 пиксели, брзина на освежување од 144 Hz и врвна осветленост од 900 нита. Дисплејот има калибрирани бои и е покриен со Gorilla Glass 5 стакла, а поддржана е и работа со пенкалце.
Таблетот работи со Snapdragon 8 Gen 2 чипсет во комбинација со 8GB, 12GB или 16GB RAM и простор за складирање 256GB, 512GB или 1TB меморија. За енергијата се грижи батерија со капацитет од 10.000 mAh, која поддржува брзо полнење на 120 W вати.
Оперативниот систем е HyperOS базиран на Android 14 со дополнителни оптимизации за поголемиот екран. На пример, корисниците можат да комуницираат со своите телефони директно од таблетот. Новиот контролен механизам за управување со уреди Xiaomi Smart Hub поврзува до седум уреди истовремено, вклучувајќи различни Xiaomi AIoT производи.
Со функцијата Tap to Share што поддржува NFC, Xiaomi Pad 6S Pro 12.4 го олеснува споделувањето фајлови со допир, нудејќи практично корисничко искуство. За креаторите на содржини, режимот „директор на камерата“ го претвора таблетот во професионален прегледувач на видеа поврзан со паметниот телефон на корисникот.
Уредот може да се користи и како втор дисплеј за лаптопи со Windows. Компанијата нуди и дополнителни додатоци како тастатура со тракпад и Focus Pen со чувствителност од 8192 степени. Xiaomi Pad 6S Pro 12.4 е достапен во Graphite Grey боја по цена од 699 евра за варијанта од 8GB+256GB.