Како и неговиот претходник, P28K ќе се продава под брендот Energizer, со IP69 сертификат за отпорност. Времето за разговор е 122 часа со едно полнење на батеријата, т.е. нешто повеќе од пет дена, додека во мирување, паметниот уред ќе може да издржи 2.252 часа или речиси 94 дена.

Недостаток на уредот, според познавачите, е тоа што е прилично гломазен. Неговата дебелина е 2,78 см и тежи 570 грама. Тоа значи дека е повеќе од три пати подебел и потежок од iPhone 15. Споменатата батерија со капацитет од 28.000 мАh поддржува брзо полнење од 33 вати, а со помош на полначот од 36 В, што доаѓа со пакетот. Целосно полнење трае помалку од час и половина.

Инаку, телефонот не поддржува 5G мрежа, има 8 GB РАМ, 256 GB простор за складирање, како и три задни камери. Тука e и LCD екранот од 17,2 см, оперативен систем Android 14 и Mediatek МТ-6789 чипсет. Паметниот телефон ќе се продава по цена од 249,99 долари, а продажбата ќе почне во октомври оваа година.

Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК