Продолжуваат да доаѓаат убави вести од Мобилниот конгрес во Барселона, а меѓу нив е и тоа дека идната флегшип Oppo Find серија телефони ќе се продава во Европа
Oppo се враќа во Европа и тоа во голем стил, бидејќи во текот на вториот ден на MWC 2024 саемот, компанијата потврди дека нејзината следна водечка серија смартфони доаѓа на европскиот пазар. На тој начин, идната Oppo Find серија ќе биде достапна во сите земји во кои компанијата и претходно беше присутна.
Покрај враќањето на европскиот пазар, уште една голема најава на компанијата на саемот е тригодишното партнерство со шпанската групација Telefonica, која ќе го помогне на кам-бекот на кинеската компанија.
Сепак, треба да се има предвид дека точната формулација на најавата за враќање на Oppo Find телефоните гласи „следната генерација на Find серијата “, што значи дека се уште нема да го видиме актуелниот модел Find X7 Ultra на европскиот пазар. Така, многу фанови на овој бренд ќе мора да ја чекаат следната Find X8 серија и/или Find N4 преклопните модели.
Исто така, тука се и Oppo Reno смартфоните, кои уште во текот на оваа годна би требало да пристигнат во рацете на европските купувачи, нудејќи посолидни опции од средната, па се до премиум класата уреди.
Партнерството со групацијата Telefonica значи дека Oppo ќе почне да ги продава своите уреди преку мобилни оператори во најмалку четири земји, а очигледно прва ќе биде Шпанија. Сепак, Telefonica работи и во Германија, Ирска и Велика Британија.
Oppo претходно престана да ги продава своите производи во Европа, по правниот спор околу патентите за 5G со Nokia. Сепак, минатиот месец и двете компании потпишаа повеќегодишен договор за размена на лиценци, со што се отвори вратата за враќање на Oppo на европскиот континент, потсетува GSM Arena.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК