Иако се работи само за концептуелен уред, Lenovo Project Crystal претставен MWC 2024 саемот во Барселона е првиот лаптоп во светот со проѕирен microLED дисплеј.
Компанијата Lenovo, покрај своите нови лаптопи и хибридни компјутери, го претстави и патот кој не води восветот на научната фантастика кој станува реалност, односно неговиот Lenovo Project Crystal. Овој концептуален уред го претставува првиот лаптоп во светот со целосно транспарентен microLED екран и интеграција на вештачка интелигенција.
Lenovo's transparent laptop is so futuristic 🤩 pic.twitter.com/84t25KDnWw
— Ben Geskin (@BenGeskin) February 26, 2024
Со оглед на тоа што засега е само концепт, наскоро нема да се појави во продажба, но дефинитивно го отвора патот за проширување на пазарот на компјутери со проѕирни екрани. Главната употреба на ваков лаптоп би била споделување информации на места како лекарски ординации или хотелски рецепции, каде што екранот едноставно би се свртувал со помош на софтвер, што ќе му овозможи на секој од другата страна да го види со детални објаснувања потребни во таквите ситуации.
Кога се комбинира со камерата вградена во задниот дел на системот, Lenovo вели дека би можеле да постојат можности за имплементација на апликации за проширена реалност (AR). Еден таков пример би бил користењето на камерата за идентификација на објект, сличен на функцијата Google Lens. И со неговиот проѕирен екран, можно е да се отиде чекор понатаму во оваа идеја, така што дијаграмот или скицата би можела да се постави на прикажаниот објект во случаите на отстранување дефекти или поправки.
Но, најдоброто нешто во врска со концептот Lenovo Project Crystal е тоа што компанијата дури и се потруди да го направи. Во моментов, дури и стандардните microLED дисплеи се исклучително скапи и обично се резервирани за уреди со висока класа како Samsung The Wall или Apple Vision Pro.
Дополнително, транспарентните верзии на ваквите дисплеи досега можеа да се видат само како концепти, како на пример микроLED телевизорот што Samsung го прикажа пред неколку месеци на саемот CES 2024. Иако овој тип компјутери некое време нема да се најде на полиците, дефинитивно не предизвикува да размислиме за можностите што ги нуди новата технологија на екрани и какви примени би наоѓала во иднина.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК