Компанијата Nothing ја закажа официјалната презентација на својот Nothing Phone (2a) за 5 март. Објавените официјални рендери на уредот го откриваат неговиот дизајн, а спецификациите и цената најавуваат многу интересен телефон.
Дека се работи за телефон на компанијата Nothing се гледа од авион, бидејќи доаѓа со препознатливата проѕирна позадина со Glyph LED осветлување. Сепак, мора да се признае дека ефектот тука е поскромен отколку кај нивниот топ модел од минатото лето.
Видливи се три LED светилки од задната страна, распоредени околу уникатниит модул на двојната камера, сега сместено во средината. Сè уште не знаеме какви камери ќе има, но очекуваме примарна со OIS стабилизација и ултраширок агол.
Уредот ќе биде достапен во светла и во темна верзија, а од предната страна доминира целосно рамен OLED екран, со симетрична тенка рамка и отвор за селфи камерата во средината.
Компанијата во серија тизери најави дека Nothing Phone (2a) ќе го покренува чипот Dimensity 7200 Pro, кој е приспособена верзија на чипот Dimensity 7200, веројатно со поголема брзина на часовникот и можеби со приспособен систем за ладење.
Сè уште не е потврдено, но се шпекулира дека ќе чини 349 евра во Европа во основната верзија со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање податоци. Моделот со конфигурација од 12/256 GB сепак би требало да чини прифатливи 399 евра.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК