На Мобилниот конгрес во Барселона нема недостиг од уреди со флексибилни екрани на преклоп, а еден од нив е Nubia Flip 5G, кој практично е прв во ваква форма за компанијата. Смартфонот е идентичен со неодамна објавениот ZTE Libero Flip објавен за јапонскиот пазар.
Nubia Flip 5G работи со Snapdragon 7 Gen 1 чипсет и нуди 6,9 инчен OLED дисплеј со резолуција од 1188 x 2790 пиксели и брзина на освежување до 120 Hz. Додаден е и втор надворешен дисплеј од 1,43 инчи со резолуција од 466 x 466 пиксели.
Главната камера е со резолуција од 50MP и вклучува сензор од 2MP за bokeh ефекти, а додадена е и камера од 16MP за селфи фотографии. Уредот има батерија со капацитет од 4310 mAh, која поддржува брзо полнење со моќност од 33W.
Стартната цена на Nubia Flip 5G, кој ќе биде достапен во црна и златна боја, изнесува 599 долари, што го прави подостапен од многу други модели во категоријата преклопни смартфони.
Сè уште не е познато кога ќе започне продажбата, но ZTE вели дека дистрибуцијата на новите производи ќе стартува во март, нудејќи го на многу пазари вклучувајќи ги Европа, Јужна Америка, Југоисточна Азија, Блискиот Исток и Африка.