Наместо на салонот во Женева, Xiaomi го претстави својот прв електричен автомобил Xiaomi SU7 пред европската публика на Мобилниот конгрес MWC 2024 во Барселона
Xiaomi на еден од најголемите технолошки настани на годината, MWC 2024 конгресот во Барселона, го претстави своето целосно електрично возило, моделот Xiaomi SU7 Max во сина боја. Европската јавност можеше да види автомобил со погон на четири тркала, 664 коњски сили (495 kW), батерија со капацитет од 101 kWh, чие напонско ниво е 800 V со други интересни спецификации, но се уште без јасни информации дали и по која цена да биде достапен за купувачите во Европа.
Досегот што Xiaomi SU7 Max може да го постигне со едно полнење на батеријата е многу импресивен и изнесува 800 километри според CTLC стандардот. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч е исто така импресивно за електрично возило и SU7 го постигнува за само 2,8 секунди, тврдат од компанијата.
Сите споменати параметри укажуваат дека Xiaomi SU7 е повеќе спортски автомобил, а тоа го потврдува и неговиот изглед. Имено, неговиот спортски дизајн се должи на нискиот аеродинамичен дизајн на предниот и задниот браник и коефициентот на отпор на воздухот од само 0,195Cd, што му дава карактеристики на повеќе „спортски“ од патнички автомобил.
Всушност, нискиот коефициент на отпор на електричните возила дава подолг опсег по полнење на батеријата. Со должина од 5 метри и воздушни дифузери (тунели) на страните од двете страни, остава впечаток на многу стабилно возило во свиоците и одлично време на сопирање при големи брзини. Покрај тоа, Xiaomi SU7 има малку заоблен покрив кој се спушта кон багажникот и завршува со елегантен спојлер без остри агли на каросеријата.
Претседателот на Xiaomi, Лу Вејбинг ги објави плановите за масовни испораки на SU7 во вториот квартал од оваа година. Компанијата официјално таргетира многу амбициозна продажба од околу 20 милиони примероци, користејќи го искуството стекнато во продажба на паметни телефони во Кина.
Вејбинг ја истакна посветеноста на компанијата кон овој сегмент и нејзината инвестиција од 10 милијарди долари во развојот на бизнисот со електрични возила. Сепак, и покрај големата инвестиција и успех на други полиња, тоа не мора да гарантира успех на сосема ново поле на бизнисот, особено кога станува збор за пазарот на автомобили.
Според неофицијални информации од локалните медиуми во Кина, не е познат точниот датум на испорака на првите парчиња, а цената наводно ќе биде изнесува 47.500 евра. Но, за достапноста на автомобилот на европскиот пазар се знае уште помалку, а претставувањето на големиот европски настан би можело да ги подигне надежите на љубителите на оваа компанија во Европа.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК