Honor оваа година ќе претстави смартфон со вертикално преклопување наречен Honor Flip.
Минатата година, Honor навести пристигнување на флексибилен телефон на преклопување, но беше истакнато дека компанијата нема да брза со пласман на пазарот додека нема уред кој ќе се истакне. Се чини дека е постигнат посакуваниот напредок, бидејќи Извршниот директор на Honor, Џорџ Жао потврди во интервју за CNBC дека преклопниот смартфон пристигнува оваа година.
Жао рече дека телефонот на преклоп е во завршна фаза на развој и дека компанијата е голем оптимист за напредокот на уредите за преклопување.
Покрај тоа, Honor работи и на паметен прстен, кој ќе се вика Honor Ring. Уредот ќе биде дел од растечката палета на паметни уреди за носење на Honor и поголемиот фокус на следењето на здравјето, сето тоа испреплетено со напредокот на технологијата за вештачка интелигенција.