Huawei во Барселона го претстави 5.5G, кој влегува во комерцијална употреба оваа година и отвора нови можности за развој на мобилни комуникации
На најголемиот годишен саем во индустријата за мобилни технологии MWC 2024, Huawei ја истакна комерцијализацијата на новиот стандард 5.5G, кој ќе влезе во комерцијална употреба уште оваа година и дополнително ќе го отклучи потенцијалот на мобилните мрежи и ќе создаде нови можности за растот на телекомуникациската индустрија. Според Huawei, 5.5G ќе биде клучна пресвртница во еволуцијата на 5G мрежата и дополнително ќе го забрза развојот и користењето на мобилните услуги.
За време на годинашниот Мобилен конгрес во Барселона, Huawei е домаќин на голем број глобални оператори, индустриски партнери и креатори на јавното мислење за дискусии за идната синергија на мрежата, облакот и интелигенцијата на изложбата „Advance Intelligence“. Компанијата има за цел да промовира интелигентна дигитална трансформација во сите индустрии, да изгради успешен индустриски екосистем, да го забрза позитивниот бизнис циклус на 5G и да се подготви за претстојната ера на 5.5G.
Huawei претстави цела низа 5.5G, F5.5G и Net5.5G производи и решенија за повеќе сценарија и е посветен на соработката со глобалните оператори и индустриски партнери за да ги прифати предизвиците и можностите и да ја води иднината на интелигентниот свет. Досега, Huawei веќе им помогна на операторите да започнат комерцијална верификација и тестирање на 5.5G во повеќе од 20 градови низ светот. На MWC, Huawei го лансираше и првиот основен телекомуникациски модел во индустријата кој ќе нуди интелигентни апликации засновани на улоги и сценарија за поддршка на барањата на индустријата за агилна испорака на услуги.
До 10 Gbps во downlink
Технологијата 5.5G донесува значителни подобрувања во споредба со 5G на различните показатели за перформанси. Во downlink, максималната брзина достигнува 10 Gbps, што е значителен скок од почетните 1 Gbps на 5G мрежата. Исто така, 5.5G ги олеснува иновативните услуги како XR и 3D приказ без очила. Брзините на uplink растат на 1 Gbps од претходните 100 Mbps.
Во примените поврзани со IoT, 5.5G поддржува до 100 милијарди конекции во сите сценарија, задоволувајќи ги индустриските потреби за голема брзина и сместувајќи различни IoT модули, вклучувајќи RedCap и пасивни уреди. Во однос на детерминистичкото искуство, 5.5G ќе ја намали латенцијата на само 1ms, ќе го поддржи позиционирањето на ниво на сантиметар и ќе ја зголеми доверливоста на мрежата за услугите на toB.
Ли Пенг, корпоративен виш потпретседател на Huawei и претседател на ИКТ продажба и услуги, на 5G Beyond Growth самитот организиран како дел од MWC, објасни дека 5G веќе се покажа како технологија која создаде нови можности за телекомуникациската индустрија и 5.5G е технологија која само дополнително ќе ги поттикне позитивните трендови.
„5G е на вистинскиот пат кон деловниот успех. Комерцијалната употреба на 5G услугата започна во 2019 година и во текот на изминатите пет години, технологијата привлече 1,5 милијарди корисници ширум светот. Во моментов, 20 отсто од глобалните претплатници на мобилни телефони ја користат 5G мрежата, а овие корисници генерираат 30 проценти од вкупниот мобилен сообраќај и придонесуваат со 40 отсто од приходите од мобилните услуги“, истакна Ли Пенг.
Нова ера во мобилната технологија
Ли објасни дека 5.5G се спојува со технологиите на вештачката интелигенција и cloud, што ќе овозможи значително побрзо искористување на потенцијалот на сите овие технологии.
Телекомуникациските оператори на Блискиот Исток веќе имплементираа Massive MIMO мрежи, а оптималното искуство што го обезбедуваат овие мрежи го направи успешно воведувањето на технологијата 5G FWA (Fixed Wireless Access). 5G e исто така е усвоен меѓу многуte индустрии. Во Кина, повеќе од 50.000 случаи на употреба на приватни 5G мрежи влегoa во комерцијална употреба во над 50 различни индустрии.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК