Во рамките на Мобилниот конгрес во Барселона, Tecno ја претстави својата нова серија паметни телефони Camon 30. Линијата вклучува неколку модели, а најинтересен е Camon 30 Premier 5G.
Телефонот користи посветен Sony CXD5622GG ISP чип кој го надополнува основниот чипсет Dimensity 8200 Ultra. Ова овозможува додавање на нови способности за вештачка интелигенција и повеќе можности за камерата.
Главната камера вклучува сензор од 50 MP Sony IMX890 (1/1,56”) со оптичка стабилизација, 50 MP перископ леќа и 50 MP ултраширока камера. Главниот дел за камерата е тркалезен и масивен.
Екранот е OLED LTPO со дијагонала од 6,77 инчи, резолуција од 1264 x 2780 пиксели, 1400 нита врвна осветленост и отвор за селфи камера од 50 MP. Достапни се 12 GB RAM, 512 GB простор за складирање податоци и батерија од 5.000 mAh со брзо полнење до 70 W. Интересен белег на дизајнот е системот Action Dot, светлосен индикатор на задната страна што се активира при одредени активности.
Tecno Camon 30 Pro 5G го користи истиот чипсет – Dimensity 8200 Ultra, при што камерите се разликуваат само со замена на сензорот со 2MP перископ објектив за bokeh ефекти. Го краси OLED екран со дијагонала од 6,78 инчи со фреквенција до 144 херци. Меѓу останатите параметри се батерија со капацитет од 5000mAh со брзо полнење до 70 вати и повторно присуство на стерео звучници со Dolby Atmos и IR предавател.
Tecno Camon 30 5G се префрла на чипсет Dimensity 7020, екран од 6,78 инчи со фреквенција од 120 херци и Full HD+ резолуција, батерија со капацитет од 5000 mAh со брзо полнење до 70 вати и стерео звучници со Dolby Atmos и IR предавател. Додадена е и селфи камера од 50 MP и примарна со сензор од 50 MP со оптичка стабилизација во примарната.
Последниот смартфон е Tecno Camon 30, кој се разликува од 5G верзијата во однос чипсетот Helio G99 и присуството на NFC. Овие три модели имаат опции со стаклена задна обвивка или вештачка кожа.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК