Оваа интеграција е важен придонес кон развојот на категоријата кафе во Србија и за зајакнувањето на конкурентноста на регионалната индустрија за кафе и локалните брендови
Атлантик Група на 1 март ја реализира трансакцијата со која ја презема компанијата Strauss Adriatic, сопственик на српските брендови за кафе Doncafe и C kafa, кои со оваа аквизиција им се придружуваат на регионалните лидери Гранд кафе и Баркафе. во поширокото портфолио. Покрај познатите брендови, Атлантик превзема и модерен производствен капацитет во индустриската зона Шимановци кај Белград и 220 вработени. Трансакцијата претходно беше условно одобрена од Комисијата за заштита на конкуренцијата во Република Србија.
„Оваа аквизиција ја потврдува стратешката определба на Атлантик Група да ја зајакне својата основна дејност, во која значаен дел има кафето. Верувам дека сите ние – како деловни субјекти, менаџментот на двете компании, вработените, пазарот и потрошувачите – можеме да бидеме задоволни од исходот на оваа трансакција. Како лидер на пазарот, секогаш ја имаме во предвид нашата одговорност за развој на оваа категоријата во целиот регион на југо источна Европа и ќе продолжиме да работиме во таа насока. Пред се, им посакувам искрено добредојде на Doncafe, C кафе и колегите во нашиот систем, очекувајќи го растот и развојот што ни претстои”, изјави потпретседателот на Атлантик Група за стратешка област Кафе, слатко и солени, Мате Штетиќ.
„Среќни сме што најдовме стратешки партнер кој ќе биде подеднакво посветен на развојот на нашиот постоечки бизнис во Србија и регионот, на нашите силни брендови, вработените и самата категорија кафе. Горди сме на резултатите што ги постигнавме досега и убедени сме дека Атлантик Група ќе продолжи успешно да развива интегриран бизнис со кафе на српскиот и регионалниот пазар”, изјави извршниот директор на Strauss Adriatica, Синиша Даничиќ.
Атлантик Група има намера значајно да инвестира во развојот на бизнисот со кафе, во производството, во развојот на технологијата, како и во брендовите, нивното портфолио, да ја развива комуникацијата во малопродажниот и HoReCa сегментот. Органски развој на клучните категории на производи (кафе, чоколадо и слатки и солени грицки, сувомеснати намази и безалкохолни пијалоци) и стекнување нови силни брендови во овие категории, е основата на развојната стратегија на компанијата. Последната аквизиција е важен чекор на патот кон реализација на стратегијата, како и придонес за растот на категоријата кафе во Србија и регионот и зајакнување на конкурентноста на регионалната индустрија за кафе, како и локалните брендови.