Иако е почеток на годината, првиот чипсет на Qualcomm со прилагодени Oryon јадра веќе го доби датумот на лансирање и официјално ќе го видиме во октомври
Следниот водечки чипсет на Qualcomm ќе биде објавен во октомври на Snapdragon самитот на Хаваи. Ова не е изненадувачки бидејќи Snapdragon 8 Gen 3 исто така беше претставен на истиот настан во октомври минатата година.
Веста за премиерата на Snapdragon 8 Gen 4 пристуигнува од маркетинг директорот на Qualcomm, Дон Мекгваер, кој ја сподели во видео порака од Мобилниот конгрес во Барселона преку објава на мрежата X. Тој исто така откри дека Snapdragon 8 Gen 4 ќе користи Oryon процесорски јадра и ќе вклучува подобрени NPU блок за задачи со вештачка интелигенција.
Во меѓувреме, очекуваме уште еден Snapdragon 8 чипсет, кој се очекува да биде произведен во 4nm процес на TSMC и да вклучува единечно Cortex-X4 јадро со такт на 2,9 GHz и Adreno 735 GPU. Може да се вика Snapdragon 8s Gen 2 или Snap Gen 3 Lite.
❗️Calling all Snapdragon Insiders…
CMO @donnymac is in Europe this week for #MWC24 and has a special message – and some secret intel – just for you 🕵 pic.twitter.com/RBsBvytRlo
— Snapdragon UK (@Snapdragon_UK) February 28, 2024