Четири недели по дебито на моделот V30, Vivo официјално го претстави смартфонот V30 Pro.
V30 Pro ќе биде достапен на меѓународните пазари и има четири камери од 50 MP, три задни и една предна. Про верзијата на V30 го дели истиот дисплеј, батерија и спецификации за полнење како стандардниот модел, но се напојува со процесорот Dimensity 8200, кој е помоќна 4nm платформа во споредба со процесорот Snapdragon 7 Gen 3 во стандардниот V30. Има две мемориски конфигурации, едната нуди 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање, а другата нуди 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.
Камерите на V30 Pro беа развиени во соработка со Zeiss, а ова партнерство овозможи функции како што се природна боја, граничен воден печат и портрет во стил на Zeiss.
Одзади е главната камера Sony IMX920, сензорот Samsung JN1 ја претставува широката камера, додека сензорот Sony IMX816 ја извршува функцијата на портретната телефото камера. Овој паметен телефон има и правоаголен Aura Light блиц за „помеко“ и подобро осветлување при снимање портрети во услови на слаба осветленост.
Смартфонот користи 10-битен, 6,78-инчен AMOLED екран со резолуција од 1.260p, стапка на освежување од 120Hz и максимална осветленост од 2.800 нита.
V30 Pro ќе биде достапен на глобалниот пазар, а користи софтвер Funtouch 14 базиран на Android 14. Се напојува со батерија од 5.000 mAh, но и покрај тоа, се работи за најтенкиот смартфон на Vivo наменет за меѓународните пазари.
V30 Pro се нуди во четири бои, од кои секоја е украсена со уникатен дизајнерски ефект – Bloom white, Waving Aqua, Lush зелена и Noble црна. Колку ќе чини телефонот се уште не е познато