На годинашниот Светскиот конгрес за мобилни технологии (MWC 2024) во Барселона, компанијата Motorola претстави флексибилен смартфон што се превиткува и може да се носи околу зглобот како алка.
Компанијата, која е во сопственост на кинескиот технолошки гигант Lenovo, истакна дека споменатиот производ засега е само концепт и можеби никогаш нема да биде претставен на пазарот, но дека сакала да покаже напредок во развојот на технологијата, пренесува CNBC.
Претставник на Motorola прикажа како телефонот може да се превиткува на различни начини за да се завитка околу зглобот или да стои на маса.
Кога телефонот е завиткан околу зглобот, начинот на кој се прикажуваат информациите се менува и апликациите се појавуваат на горниот дел од екранот. Претставникот на Motorola истална дека смартфонот се витка врз основа на принцип сличен на тоа како функционира човечкиот ‘рбет.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК