Според новите извештаи, YouTube воведе корисна функција и за оние кои ја користат бесплатната верзија на апликацијата.
Имено, во САД се нуди опцијата Picture-in-Picture (PiP) и за оние го користат YouTube бесплатно, и тоа уште од 2022 година.
Ова овозможува прозорчето на видеото да се намали, и телефонот да може да се користи за нешто друго додека го гледате видеото.
Како што наведува веб-страницата Android Police, Google веќе го нуди PiP на бесплатната верзија во некои европски региони, и за Android и за iOS оперативните системи.
Google сè уште не се огласи за да го потврди сето ова – всушност, и натаму тврдат дека ќе ви биде потребен YouTube Premium за да можете да користите PiP во регионите надвор од Соединетите Американски Држави.
Вреди да се нагласи дека сепак морате сами да ја вклучите опцијата PiP. Тоа можете да го направите така што ќе одите на YouTube, ќе ја одберете иконата за вашиот профил, потоа во Settings, General и потоа таму ќе активирате Picture-in-Picture.