Facebook повторно функционира по речиси два часа застој, кој ги погоди сите главни платформи во екосистемот на Meta, вклучувајќи ги и Instagram, Threads и дел од корисниците на WhatsApp. По двочасовниот прекин, се огласија од компанијата и објаснија за што станува збор.
„Претходно денеска, поради технички проблем, луѓето имаа потешкотии да пристапат до некои од нашите услуги. Во најбрз можен рок го решивме проблемот за сите што беа засегнати и се извинуваме за непријатностите – напиша на својот X профил, Енди Стоун, директор за комуникации во компанијата Meta.
Earlier today, a technical issue caused people to have difficulty accessing some of our services. We resolved the issue as quickly as possible for everyone who was impacted, and we apologize for any inconvenience. https://t.co/ybyyAZNAMn
— Andy Stone (@andymstone) March 5, 2024
Да потсетиме дека денеска дојде до прекин во работата на сервисите на Meta за милиони корисници ширум светот. Корисниците наеднаш беа исфрлени од своите профили, што ги натера да поверуваат дека се хакирани и дека нивните лични податоци може да бидат украдени. Заедно со САД, прекинот стигна до Велика Британија, делови од Европа, Кина, Австралија и Мексико – што доведе до пад на цената на акциите на Meta.
На DownDetector, сајт кој ги следи прекините на интернет услугите, пишува дека добиле повеќе од 500.000 извештаи за проблеми од страна на корисниците на Facebookj во САД и повеќе од 70.000 пријавени проблеми со Instagram од околу 10:30 часот наутро. Најчесто пријавените проблеми биле со влез во апликацијата на Facebook и проблеми со апликацијата Instagram.
Нормалното функционирање на мрежите беше воспоставено околу два часа по пријавувањето на прекинот.