Google почна да воведува уште едно ажурирање на Feature Drop што донесува нови функции на производите на компанијата. Новото издание доаѓа со интересни дополнувања, а меѓу нив е и активирањето на функцијата Circle to Search за Pixel 7 серијата, која досега беше достапна само за Pixel 8 и Samsung Galaxy S24 моделите.
Функцијата работи на ист начин, односно слично како Google Lens, но со активира со долго притискање на копчето Home или индикаторот на дното на екранот при користење гестови. Потоа можете да го заокружите саканиот објект, а системот ќе ви прикаже резултати од Google. Резултатите се исти со оние што се добиваат со Google Lens. На пример, кога ќе видите некои чевли на екранот, не морате ни да ги сликате, само заокружете ги со прстот ќе се појават резултати за чевлите.
КомпатибилнитеPixel 7, Pixel 8 и Pixel Fold телефони исто така добиваат можност да објавуваат и прегледуваат Ultra HDR фотографии на Instagram. Galaxy S24 моделите беа првите кои понудија ваква опција, но сега таа ќе биде достапна и за корисниците на Pixel, кои исто така ќе можат да снимаат и споделуваат 10-битни HDR видеa директно на Instagram Reels.
Во САД, нова алатка ќе се додаде на постојната функција за проверка на повици кога другата страна не одговара. Ќе додаде ново Hello копче, кога ќе се притисне Google Assistant ќе го потсети повикувачот да почне да зборува за да знаете зошто ве бараат. Ова ќе биде достапно за Pixel 6 и поновите модели.
Првата генерација на Pixel Watch добива повеќе опции за следење на тренинзите, вклучително и одржување на одредено темпо, тренинг во одредени зони на отчукувањата на срцето, автоматски режим на обука, прикажување насоки при навигација со Google Maps и друго.