Phone (2a) го краси 10-битен AMOLED екран со дијагонала од 6,78 инчи, Full HD+ резолуција , адаптивна стапка на освежување од 30 до 120 херци и максимална осветленост од 1300 нита
Како што се очекуваше веќе некое време, компанијата Nothing денеска официјално го објави својот прв подостапен паметен телефон, моделот Phone (2a). Потсетуваме дека минатата недела компанијата откри како ќе изгледа уредот, а за официјалното деби не остави големи изненадувања. За време на претставувањети, ко-основачот и директор на Nothing, Карл Пеи најави дека очекува Phone (2a) да биде најпродаваниот смартфон на компанија досега, а уредот ќе покаже и каква ќе биде иднината на брендот.
Според Nothing, со новиот модел е постигнат оптимален баланс помеѓу производството и продуктивноста. Смартфонот има 10-битен AMOLED екран со дијагонала од 6,78 инчи, Full HD+ резолуција , адаптивна стапка на освежување од 30 до 120 херци и максимална осветленост од 1300 нита. Во отворот во дисплејот е сместена селфи камерата од 32 мегапиксели.
Phone (2а) се базира на чипсетот Dimensity 7200 Pro, кој е произведен во 4-нанометарски процес и е создаден во партнерство со MediaTek. Максималната фреквенција на централниот процесор е 2,8 гигахерци. Освен тоа, има 8/12GB RAM и 128/256GB простор за складирање податоци. Батеријата има капацитет од 5000 mAh и поддржува брзо полнење до 45 вати, а целосното полнење трае 59 минути. Според компанијата, батеријата ќе задржи 90% од оригиналниот капацитет по 1000 циклуси на полнење.
Основната камера е двојна и вклучува сензор од 50MP 1/1,56″ со отвор на бленда f/1,88 и оптичка стабилизација, како и 50MP 1/2,76″ со оптика со ултраширок агол. Во однос на софтверот, Android 14 го користи Nothing OS 2.5 и ветување за три години надградби на Android и 4 во однос на безбедноста.
Меѓу другите параметри, смартфонот поседува и NFC со двојна намотка, проѕирен капак на задната страна и светлечкиот интерфејс Glyph со 3 зони и различни можности за персонализирање и известувања. Моделот се нуди во црна, бела и млечна боја.