Samsung сега им овозможува на корисниците да ги истражуваат функциите на вештачката интелигенција на нивните сопствени телефони што не се од Samsung преку апликацијата Try Galaxy, сега достапна за уредите со Android
Дури и ако не поседувате Galaxy уред со најновите алатки за вештачка интелигенција (AI), Samsung ќе ви го пружи тоа искуство преку апликацијата Try Galaxy која сега е достапна за Android. Функциите за вештачка интелигенција лансирани на Galaxy S24 серијата не се интересни само поради вештачката интелигенција како таква, туку се и исклучително корисни во секојдневните ситуации.
Опциите за AI на Samsung вклучуваат превод во живо за време на телефонски повици, генеративно уредување на фотографии, како и помош во разговорите што ги водите со други.
Апликацијата Try Galaxy е карактеристична алатка која Samsung ја користи за да ги прикаже способностите на своите уреди не само на својата база на корисници, туку и на пошироката јавност. Претходно се користеше за промовирање на корисничкиот интерфејс OneUI со демонстрација на сите негови напредни функции, за да ги привлече луѓето да се префрлат на OneUI и Galaxy уредите.
Апликацијата сега е достапна и за корисниците на Android, вклучувајќи ги и сопствениците на постарите Galaxy телефони за да ги испробаат новите функции за вештачка интелигенција. Сепак, оваа иницијатива не е само маркетиншки потег за промовирање на карактеристиките на Galaxy AI, туку и начин за евентуално надградба на овие напредни функции на постарите уреди, пишува 9to5Google.
Samsung објави дека OneUI 6.1 и поврзаните AI функции ќе бидат достапни на неколку модели на телефони и таблети, иако нема да можат да ги користат сите Galaxy уреди. Но, со обезбедување пристап до апликацијата Try Galaxy, Samsung создава дополнителен поттик за корисниците да размислат за надградба на своите уреди, доколку им се допаѓаат функциите што ги нуди компанијата.
Сепак, имајте на ум дека оваа апликација е повеќе фокусирана на демонстрација на одредени функции, отколку на целосна имплементација на самите алатки на вашиот уред што не е од Samsung“. Можете да го преземете и пробате директно на веб-страницата на Samsung.