Истражување на американски лекари и научници покажа дека доенчињата и малите деца кои се изложени на загаден воздух имаат поголема веројатност да заболат од астма.
„Студијата што ја спроведовме покажа дека просечната количина на фини честички и просечното загадување на воздухот со азот диоксид во текот на првите три години од животот на децата се поврзани со појавата на астма во раното и средното детство“, се резултатите од студијата објавена од Американското здружение на лекари (AMA).
Истражувањето во кое соработуваа научници од Harvard T.H. Chan School of Public Health и Cincinnati Children’s Hospital, укажува на тоа дека доенчињата од „малцинските и статусно пониските слоеви на општеството“ се соочуваат со поголем ризик од развој на оваа болест, што тие го припишуваат на намалениот пристап до почист воздух.
Бебињата од афроамериканските семејства кои живеат во „густо населени заедници кои се карактеризираат со намалени финансиски можности и ресурси“ би можеле да развијат астма, заклучи студијата објавена кон крајот на февруари.
Научниците ги повикаа локалните власти да вложат повеќе напори за намалување на загадувањето на воздухот и „да создадат поголема еколошка, образовна и здравствена правда на ниво на заедницата“.
Друга група научници неодамна укажа на поврзаноста помеѓу зголемената антимикробна отпорност и загадувањето на воздухот. Се покажа дека влијае на возачите и патниците кои остануваат во своите автомобили подолго отколку што се мислеше.
Претходните истражувања сугерираат дека на глобално ниво, приближно две третини од смртните случаи се поврзани со загадениот воздух во Азија, но нивоата на загаденост на воздухот во Европа и Северна Америка остануваат над нивоата што се сметаат за здрави.