Во првите шест недели од оваа година, продажбата на iPhone во Кина падна за 24% на годишно ниво, покажуваат податоците од истражувањето на пазарот на компанијата Counterpoint Research. Во истиот период, вкупната продажба на телефони во земјата се намали за 7 проценти, а меѓу другите компании со двоцифрен пад се Oppo и Vivo.
Во истовреме, продажбата на Huawei се зголеми за дури 64%, што е поврзано со успехот на компанијата во премиум сегментот со Mate 60 серијата. Според Counterpoint Research, Apple бил притиснат од агресивните цени на Oppo, Vivo и Xiaomi, а дополнително продажбата ја забавува и недостатокот на значајни промени кај iPhone 15.
Другата компанија во топ 6 во Кина која ја зголеми продажбата е Honor – за 2% во споредба со истиот период од 2023 година. Инаку, и Xiaomi пријавува пад на продажбата, но тој е едноцифрен (7%). Во однос на пазарниот удел, Vivo е на прво место со 18% пред Huawei (17%), Honor (16%), Apple (16%), Xiaomi (14%) и Oppo (13%).