Surface Pro 10 и Surface Laptop 6 ќе бидат првите AI компјутери на Microsoft кои најверојатно ќе се појават на пазарот на 21 март, велат најновите извештаи.
Претстојните Surface Pro 10 и Surface Laptop 6 не само што ќе претставуваат освежување на хардверот, туку тие ќе бидат и првите компјутери на Microsoft со вештачка интелигенција, а би можеле да ги видиме уште на 21 март.
Новите уреди базирани на Intel Core Ultra или Qualcomm Snapdragon X Elite процесорите, заедно со новиот NPU ветуваат подобрени способности за вештачка интелигенција, а аналитичарите очекуваат тие да обезбедат подобра ефикасност и перформанси слични на iPad Pro и MacBook Pro уредите.
Surface Pro 10 и Surface Laptop 6 според очекувањата ќе ги поддржуваат претстојните функции за вештачка интелигенција во оперативниот систем Windows 11. Вклучувајќи ја Copilot функцијата на уредот, овие опции ќе овозможат титлови и преводи во живо, подобрени перформанси на игри, усогласување на брзината на кадрите, подобрени ефекти на Windows Studio и AI Explorer – карактеристика што може да биде клучна за разликување на компјутерите со вештачка интелигенција од другите.
AI Explorer би требало да работи во сите апликации и да дозволува пребарување на документи, веб-локации, слики и разговори на природен јазик. Оваа функција треба да води историја на активности на компјутерот и на тој начин да го олесни пребарувањето. Исто така, инсајдерите тврдат дека AI Explorer ќе поддржува уредување на фотографиите врз основа на текст, односно текстуални команди.
Што се однесува до другите карактеристики, двата уреди треба да пристигнат со целодневна батерија. Surface Pro 10 ќе има OLED екран против отсјај кој поддржува HDR, предна ултраширока веб камера и NFC читач. коментар
Од друга страна, Surface Laptop 6 наводно донесува значаен редизајн со потенки рамки, заоблени агли, посветено Copliot копче и реновирана група портови. Првата испорака со Intel верзијата на чипсетот најверојатно ќе започне во април, додека Snapdragon варијантите ќе бидат достапни во јуни, известува Windows Central.