Астрономите открија нова планета: Можно е да е покриена со океани
Истражувањата направени со набљудување од вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST), открија водена пареа и хемиски потпис на метан и јаглерод диоксид во атмосферата на егзопланетата, објави The Guardian
Планетата е двојно поголема од Земјата и се наоѓа на околу 70 светлосни години од нас.
Таквата хемиска мешавина е конзистентна со воден свет каде што океанот би ја покривал целата површина и би имало атмосфера богата со водород, велат истражувачите од Универзитетот во Кембриџ.
– Океанот може да биде топол, 100 степени или повеќе. При висок атмосферски притисок, толку топол океан би можел да биде течен, но не се знае дали би можел да издржи живот – изјави професорот Нику Мадхусудан, кој бил на чело на анализата.
Овој заклучок е објавен во списанието Astronomy and astrophysics Lets, но е оспорен од канадскиот тим, кој направи дополнителни набљудувања на истата егзопланета, позната како TOI-270d. Утврдиле дека се присутни истите атмосферски хемикалии, но се сомневаат дека планетата е премногу топла за течна вода, бидејќи како што велат температурата е околу 4.000 степени.