Платформата X планира да стане официјална конкуренција на YouTube со претставување на посебна апликација за видео содржини
Според тврдењата на порталот SamMobile, Елон Маск и неговиот тим се подготвуваат да стартуваат видеостриминг услуга слична на YouTube, која ќе постои во рамките на социјалната мрњжа X. Ова го најави Маск и рече дека ова ќе биде ултимативна опција на X сервисот, што треба да значи дека на неа ќе може да се прикачуваат и да се емитуваат филмови со неограничено траење.
Новата услуга, која се наведува дека можеби ќе биде наречена XTube, ќе пристигне најпрвин на паметните телевизори Samsung и на Amazon Fire TV, но се уште не е познато дали ќе биде поддржана од стандардните телефони и компјутери.
Она што е сигурно е дека новата услуга ќе има бројни алатки за огласувачите, кои наводно ќе прикажуваат реклами пред самите филмови, затоа што Маск наводно не сама да ја повтори праксата на YouTube, кој ги става рекламите во самите филмови.
Coming soon https://t.co/JlnlSL7eS9
— Elon Musk (@elonmusk) March 9, 2024
Засега уште не е познато кога ќе биде покрената новата стриминг услуга и кои се функции ќе ги има. Само се надеваме дека Маск има доволно серверски простор (податочни центри) на располагање, бидејќи видео стримингот троши многу податоци и електрична енергија.



