Компанијата Google индиректно потврди дека Pixel 8a смартфонот пристигнува на пазарот.
Занимавајќи се со функцијата што исчезна од Pixel уредите, Google го потврди доаѓањето на Pixel 8a.
Со доаѓањето на ажурирањето QPR1 за Android 14, Google додаде нова екстензија за статистика на батеријата, која овозможи прикажување на бројот на циклуси на полнење, како и датумот на производство на батеријата. Ова беше добредојдена информација, но сепак ограничена во нејзината корисност. Сепак, во мартовското ажурирање за телефоните Pixel, оваа функција исчезна.
Од Google сооштија дека потегот бил намерен, бидејќи новитетот не требало да се најде на постоечките уреди. Новата статистика за батеријата требаше да биде поддржана на Pixel 8a и идните модели на Pixel.
Google has just let slip that the Pixel 8a is in the pipelinehttps://t.co/OBPxENmkNI
— Android Central (@androidcentral) March 10, 2024
Зошто споменатите податоци се појавија на постоечките Pixel и колку долго беа достапни засега е непознато, но ниту тие не беа особено прецизни. Постои можност Google да има намера да ја надгради оваа функција, можеби со реални информации за здравјето на батеријата.
Pixel 8a се очекува во следните неколку месеци, а најверојатно ќе биде претставен на конференцијата Google I/O.