Samsung со години објавува паметни часовници со кружни екрани, иако пред извесно време Galaxy Gear линијата имаше правоаголни дисплеи. Сепак, сега новите информации покажуваат дека компанијата повторно се подготвува за промена.
Станува збор за плановите за враќање на правоаголни или квадратни екрани за паметните часовници и во Galaxy Watch линијата. Компанијата ја разгледува идејата, со голема веројатност да биде прифатена.
Засега нема ништо официјално, а доколку навистина се имплементира промената, првите модели најверојатно ќе се појават следната година. Традиционално, како што се приближува дебито на новата генерација на уреди на Samsung, сведоци сме на многу гласини поврзани со нив. Тоа значи дека пред појавата на можниот нов тип на часовници, најверојатно ќе ги дознаеме речиси сите детали за нив пред лансирањето.
Употребата на правоаголни екрани функционираше доста успешно за Apple, кој објавува само ваков тип паметни часовници.