Во последните години, Instagram направи значителна промена со фокусирање на видео содржини во кратки форми. Ова секако беше одговор на огромната популарност на овој тип на објави на TikTok.
Сепак, наскоро TikTok може да влезе и во нетипичен сектор за него, кој традиционално беше силна страна на Instagram, односно фотографиите. Анализата на кодот на најновата верзија на апликацијата покажува појава на посебна платформа наречена TikTok Photos.
Се чини дека TikTok се стреми кон почист простор само за фотографии. TikTok Photos ќе овозможи синхронизирање со објавите на фотографии од главната апликација, што е лесен начин за брзо стартување на содржината.
Присутна е и нова икона за апликацијата која ја задржува познатата шема на бои. Засега нема официјална потврда за развојот на новото решение.