Бета-функцијата е достапна од Now Playing екранот за одредени песни, но засега е достапна за Premium претплатниците во само 11 земји.
Spotify официјално додаде поддршка за музички видеа на својата платформа. Компанијата ја објави услугата како бета верзија со ограничен каталог на содржина и само во 11 земји.
Меѓу достапните видеа се оние од Ед Ширан, Доја Кат, Ајс Спајс, Алуна и Асаке, а во иднина, каталогот ќе вклучува илјадници песни. Видео содржината е достапна преку Now Playing екранот, каде е сместена иконата означена Switch to Video за префрлање на видео содржини.
Опцијата е достапна за апликациите за Android и iOS со можност за ротирање и гледање на цел екран. Враќањето назад на аудио верзијата е преку Switch to Audio. Новата функционалност дебитираше во Обединетото Кралство, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шведска, Бразил, Колумбија, Филипини, Индонезија и Кенија.
Гледањето видео спотови ќе биде достапно и преку десктоп и ТВ верзиите на апликацијата, но исклучиво со платена Premium претплата.