Преклопниот уред планиран да биде објавен во јули оваа година може да добие и 12 GB RAM, што ќе биде надградба во однос на 8 GB во Galaxy Z Flip5.
Ова лето очекуваме Samsung да ја освежи Galaxy Z серијата смартфони на преклопување, а компанијата подготви неколку интересни промени за да го привлече нашето внимание. Според новите информации од дојавувачот @TheGalox_, Samsung ќе го опреми Galaxy Z Flip6 со надворешен дисплеј од 3,9 инчи, кој ќе биде поголем од 3,4-инчниот панел што се користи во Galaxy Z Flip5.
Очекуваме и надворешноста на уредот да биде покриена со Gorilla Glass Armor. Според други детали, уредот ќе користи чипсет Snapdragon 8 Gen 3 for Galaxy со подобрен систем за ладење и повторно ќе има главен дисплеј од 6,7 инчи. Уредот може да добие и 12 GB RAM, што ќе биде надградба во однос на 8 GB во Galaxy Z Flip5.
Galaxy Z Flip6
• Snapdragon 8 Gen 3 for Galaxy
• Bigger cooling system
• 3.9 inch outer & 6.7 inch inner displays
• 50/12 cameras
• 4000mah battery
• Improved hinge & internal layout
• Gorilla Glass Armor
• 7 years of updates
• Galaxy AI
• Possible 12gb ram models pic.twitter.com/OH1kXnYHPd— Anthony (@TheGalox_) March 13, 2024
Изворот открива дека Galaxy Z Flip6 ќе нуди две камери со резолуција од 50MP и 12MP, а ќе биде опремен со подобрени шарки и ажуриран внатрешен дизајн. Уредот ќе ги имплементира и новите функции за вештачката интелигенција (Galaxy AI), а покрај тоа очекуваме и поголема батерија со капацитет од 4000 mAh. Уредот ќе добие и седум години надградби на оперативниот систем како што е случај со Galaxy S24 серијата.