Главната технолошка директорка на OpenAI, Мира Мурати во интервју за The Wall Street Journal откри дека Sora, нивниот нов AI модел за креирање видео од текст, ќе стане достапен за сите корисници подоцна оваа година.
Уште во средината на февруари, OpenAI ја претстави Sora, дифузен модел за генерирање кратки видео клипови врз основа на текст или фотографии. Иако социјалните мрежи и медиумите беа преплавени со демонстративни креации на Sora, OpenAI не го откри точниот датум на објавување на моделот во јавноста, туку само соопшти дека моделот е достапен за употреба од индивидуални експерти кои го тестираат.
Сепак, главниот директор за технологија на OpenAI, Мира Мурати неодамна се појави во интервју за The Wall Street Journal и откри дека Sora ќе биде достапна за сите подоцна оваа година. Дали тоа ќе биде за еден месец или шест месеци сè уште не е познато, но секако е добра вест дека компанијата работи забрзано на тоа да го направи подостапен својот нов дифузен модел подостапен.
Мурати откри и дека Sora ќе дозволи уредување на видеата што ги креира, но напомена дека тие првично ќе бидат без звук. Сепак, OpenAI планира во блиска иднина да го вклучи и звукот генерирањето видеа, но не е познато дали и тој дел ќе биде генериран од вештачка интелигенција или корисникот ќе може сам да го додаде.
Главниот технолошки директор на OpenAI се осврна и на финансискиот дел на Sora, истакнувајќи дека овој модел е многу поскап за лансирање во споредба со другите AI модели. Во однос на безбедноста и заштитата, видеата генерирани од Sora ќе бидат со воден жиг и на моделот нема да му биде дозволено да генерира клипови со вистински, јавни личности.