За разлика од претходните телевизори од G серијата, LG G4 OLED нема само да може да се монтира на ѕид, туку ќе биде достапен и во опциите со сталак
Еден од најдобрите производители на телевизори во светот, LG воведува голема промена во својата G серија оваа година, бидејќи моделот LG G4 OLED ќе биде достапен во две верзии – едната со ѕидна монтажа, а другата со држач.
Додека претходните модели од G серијата, како што е G3 OLED телевизорот беа дизајнирани за монтирање на ѕид директно од кутијата, LG G4 OLED ќе има една верзија со буквата „W“ во кодот на производот што означува монтирање на ѕид, а другата со сталак ќе ја има буквата „S“ во кодот на производот.
Ова ја подобрува понудата бидејќи дефинитивно не сака секој да го држи телевизорот закачен на ѕид. Покрај тоа, новиот модел ќе биде посветол од LG C4 OLED моделот. Сепак, постојат шанси понудата оваа година да биде малку поскапа, а цените во Европа допрва треба да бидат објавени.
Сепак, во одбрана на LG е фактот дека не поскапуваат само неговите модели, туку тоа се случува на целиот пазар. И покрај тоа, GD OLED има многу да понуди, вклучително и подобрена вештачка интелигенција од надграден процесор и исто така најсветлиот панел на LG благодарение на микро леќите, како дел од новата Brightness Booster Max архитектура на компанијата, пишува порталот T3.