Nothing Phone (2a) смартфонот беше претставен минатата недела, додека продажбата започна во вторник, 12 март. Првиот ден на достапност на пазарот беше и повеќе од успешен.
Директорот на компанијата Nothing, Карл Пеи објави дека во првиот час биле продадени 60.000 примероци од Nothing Phone (2a), односно вкупно 100.000 телефони во првиот ден.
Phone (2a) е подостапна алтернатива на Phone (2) моделот, но сепак доаѓа со многу функции позајмени од неговиот помоќен брат. Меѓу нив е 6,7-инчниот OLED екран, како и двете задни камери од 50 MP. Исто така е украсен со познатиот Glyph дизајн.
Од компанијата Nothing велат дека смартфонот од средната класа доаѓа со специјално развиен процесор Dimensity 7200 Pro, кој е до 10 проценти поефикасен. Во реалноста, тој функционира исто како и Dimensity 7200 или Dimensity 7200 Ultra, што не е изненадување бидејќи ја делат истата архитектура од 4 nm.
Nothing Phone (2a) чини 329 евра во континентална Европа, 319 фунти во Велика Британија и 349 долари во САД.