На интернет кружат гласини за плановите на Samsung за новата генерација на флексибилни уреди на компанијата.
Samsung летово би требало да претстави нова генерација на своите уреди со флексибилни екрани, а според бројните гласини кои со месеци кружат на интернет, се чини дека јужнокорејската компанија има намера да ја промени, односно да ја прилагоди својата тактика. Имено, покрај новите генерации на моделите Galaxy Z Fold и Z Flip, ова лето може да очекуваме и уште еден телефон, нов модел од серијата Z Fold.
Иако гласини се шират подолго време, интересно е дека тие се сосема различни. Според еден извор, Samsung планира Galaxy Z Fold 6 Ultra модел кој ќе има уште понапредни опции, но и секако повисока цена. Други гласини кои повторно се појавија оваа недела, велат дека Samsung подготвува поинаква тактика, со цел да го зголеми својот удел на пазарот на преклопни смартфони, а тоа е – поевтин модел на Fold.
Како што е познато, Samsung беше меѓу првите компании кои го претставија овој тип на уреди, а првите чекори беа предизвикувачки. Првиот модел беше обележан со проблеми, но и покрај тоа, компанијата на почетокот целосно доминираше на пазарот на флексибилни телефони. Иако бројот на продадени уреди се зголемува, поради се посилната конкуренција, Samsung го губи уделот на пазарот и не е тешко да се заклучи дека поевтиниот модел би можел значително да ја зголеми побарувачката и продажбата на моделите од Galaxy Z серијата.
Breaking News: As I mentioned, Samsung is reported to be developing the Galaxy Z Fold 6 FE.
According to reports from Etnews, Samsung is preparing the first 'budget model' in the history of the Galaxy Z Fold. Currently, Samsung is developing a total of two models for the Galaxy…
— Revegnus (@Tech_Reve) March 14, 2024
Начините на кои Samsung би можел да ја намали цената на моделот Z Fold не се познати, но се споменуваат неколку можности. Првата е отстранување на поддршката за S Pen, што би го поевтинило производството на уредот. Исто така, Samsung би можел да ја замени камерата која се наоѓа под екранот со класична селфи камера, а се споменуваат и некои други опции за заштеда, како што се помалку меморија и помалку простор за складирање на податоци (128GB наместо 256GB).
Овој телефон би можел да се продава како Galaxy Z Fold 6 FE, каде што FE е кратенка за „fan edition“ и е поприфатлива верзија на врвните модели на Samsung, но која сепак има одлични спецификации. Што се однесува до цената, се споменува дека моделот Galaxy Z Fold би можел да чини околу 1700-1800 долари, така што моделот FE би требало да биде поевтин во споредба со оваа цена.
Јасно е дека Samsung се уште нема објавено ништо официјално, а веројатно ќе треба да почекаме до средината на јули, кога би можел да се одржи следниот Unpacked настан.