Американскиот технолошки гигант Apple наводно активно преговара за да го донесе Google Gemini моделот за функциите на вештачка интелигенција на iPhone, а во оптек е и OpenAI
Најновата генерација на флегшип Android смартфони веќе ја користат функционалноста на вештачката интелигенција. Сепак, засега Apple сè уште не имплементира такви функции, но очекуваме тоа да се промени со претстојнјиот iOS 18 оперативен систем.
Според новите информации на Bloomberg, компанијата можеби ќе користи неочекувано решение. Се чини дека Apple е во преговори за користење на Google енџинот, Gemini AI.
Според информациите, Apple ќе може да го користи Gemini врз основа на лиценцата за чет од функционалноста за генеративна вештачка интелигенција во iOS 18. Преговори во оваа насока се водени и со OpenAI.
Сепак, сè уште нема конечна одлука за идната имплементација. Инаку, и Apple подготвува можности врз основа на сопствени јазични модели, но тие ќе се користат за пресметки на самиот уред.
Внатрешното кодно име на големиот јазичен модел на Apple е Ajax, а има и чет-бот наречен Apple GPT. Сепак, тие не можат да се пофалат со можностите на конкурентските решенија и се чини дека затоа е одлучено да се постигне партнерство со Google.
Основните функционалности со генеративна вештачката интелигенција ќе бидат имплементирани во Siri и некои други апликации. Веројатно ќе дознаеме повеќе за напорите на Apple за вештачка интелигенција за време на јунската конференцијата за програмери WWDC.