Qualcomm денеска го претстави својот нов чип Snapdragon 8s Gen 3, моќен чипсет кој носи премиум функции што ги имаат и 8 Gen 2 и 8 Gen 3, но по поприфатлива цена.
Според спецификациите, Snapdragon 8s Gen 3 е сместен помеѓу Snapdragon 8 Gen 2 и Snapdragon 8 Gen 3 и треба да се најде во мобилните телефони во наредните месеци.
Qualcomm го искористи почетокот на оваа работна недела за да го претстави Snapdragon 8s Gen 3, новиот чипсет кој ќе се најде во т.н. „флегшип убијци“, односно смартфони кои за попристапна цена нудат перформанси кои можат да се натпреваруваат со најскапите модели.
Имено, Snapdragon 8s Gen 3 е позициониран во однос на перформансите токму помеѓу претходниот Snapdragon 8 Gen 2 и сегашниот Snapdragon 8 Gen 3. Произведен е во 4 нанометарски процес и содржи конфигурација која се состои од главно Cortex-x4 јадро на такт од 3,0 GHz, четири јадра за перформанси на 2,8 GHz и три ефикасни јадра со такт од 2,0 GHz.
Според Qualcomm, овој чипсет обезбедува избалансиран микс на моќ и енергетска ефикасност, а интересно е и тоа што во споредба со посилниот Snapdragon 8 Gen 3, има единствена конфигурација 1+4+3. Понатаму, Snapdragon 8s Gen 3 поддржува до 24 GB LPDDR5x RAM со максимална брзина од 4200 MHz, складирање UFS 4.0 складирање и USB 3.1 Gen 2 преку USB-C порт. Опремен е и со Snapdragon X70 5G модем, а подготвен е и за стандардот Wi-Fi 7, со што ветува подобрена пропусност и помала латенција.