Претстојниот телефон Sony Xperia 1 VI ќе има поширок 2K екран наместо вообичаениот 4K екран со „висок“ сооднос што досега ги красеше Xperia уредите
Препознатливиот дизајн на Xperia телефоните изгледа ќе се промени со објавувањето на новиот телефон Sony Xperia 1 VI кој треба да излезе во мај оваа година, најмногу во однос на екранот. Имено, наместо вообичаениот 4K екран со кинематографски сооднос 21:9 што го имаа неговите претходници, новиот телефон ќе има малку поширок 2K екран, со сооднос од 19,5:9.
Иако идејата за целокупниот дизајн не е многу променета, но вкупната ширина на телефонот е малку поголема, а резолуцијата е намалена на 2К, како што пишува инсајдерот од социјалната мрежа Weibo @zackbuks, телефоните Xperia се препознатливи со нивните високи екрани и висока резолуција на екранот.
Сепак, иако обожавателите на телефоните на Sony можеби претпочитаат панели со висока резолуција со филмски сооднос, ова може да е една од причините зошто уделот на глобалниот пазар на компанијата моментно е само 0,35 проценти.
Екранот со 4K резолуција е премногу за повеќето корисници, а самата висока резолуција е поскапа. Преминот на 2K може да доведе до пониска цена, што може да помогне да се направи Xperia 1 VI еден од најдобрите телефони оваа година.
Кога станува збор за високиот дизајн на уредот, додека долгиот панел може да го олесни користењето на поделен екран, не сите корисници сакаат екрани со чудна пропорција. Сепак, љубителите на компанијата и нејзините уреди не треба да очајуваат бидејќи не се менува секој аспект од дизајнот, што значи дека Xperia 1 VI треба да ги задржи дебелите рамки наместо да користи исечок во екранот за предната камерата како останатиот дел од индустријата.
Од аспект на камерата, Sony Xperia 1 VI се вели дека ќр има нови телефото и ултрашироки камери од 48 MP, а верзиите со повеќе простор за складирање имаат 16 GB RAM, додека основната варијанта ќе има 12 GB RAM. Редизајнот на уредите на Sony треба да пристигне следната година, кога Sony треба да го повлече брендот Xperia